„Усни и момчиња„ на Том Форд: 50 нијанси на кармини за девојки и мажи

„Ми се допадна идејата да ги именувам кармините по момчињата. Зошто да се посветите на еден кога може да имате неколку? “, вели дизајнерот Том Форд за неговата претстојна колекција „Усни и Момчиња“.

t3

Колекцијата составена од 50 минијатурни кармини ќе биде достапна на 28 ноември (на Црниот петок) на официјалната интернет страница на Том Форд четири дена, а во другите онлајн продажни места ќе биде пуштена на 1 декември само за таканаречениот Сајбер понеделник. Колекцијата ќе се врати на пазарот во е-продавниците на 26 декември.

t1

„Секако дека не очекувам многу мажи да носат кармини, но ми се допаѓа концептот. Сакам да видам жена во машки костум. Тогаш зошто да нема кармин кој е именуван по мажите?“, додава дизајнерот.

 

x

Check Also

Маски за коса од банана (за различни типови коса)

За многумина омиленото овошје – бананата, има чудесна улога во негата на ...