Јоана Арделеан

Утревечер се отвора изложба на современ накит „Флора вс Фауна“

Утревечер, (среда) со почеток во 20 часот, во еден од најстарите музеи во Македонија, Природно – научниот музеј во Скопје, во организација на KAPKA Jewelry ќе биде отворена групна (меѓународна) изложба на современ накит насловена „ФЛОРА вс ФАУНА“.

Петмина извонредни дизајнери ги здружија своите креативни сили и создадоа прекрасни парчиња под заедничко име „Флора вс Фауна“.

Биби Клекачкоска

Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката за флората и фауната, направија единствени парчиња накит, кои можат да се погледнат во необичните простории на Природно-научниот музеј.

Симеон Шомов

Јана Ацевска

Глигор Кузмановски

Идејниот концепт за изложбата, кој одамна тлее во мене веќе наиде на позитивни коментари и во иднина планирам да ја поставам и во други музеи низ регионов. Јоана ја запознав пред две години кога изложував на Аутор во Букурешт. Таа е архитект по професија и ме привлече нејзиниот специфичен минималистички пристап кон нејзините парчиња накит. Симеон ми е исто така драг колега од Софија, кој наедно е извонреден дизајнер. Знае многу вешто преку својот накит да раскажува свои приказни. Со Биби и Глигор имаме долгогодишна соработка и интересно е да следам како созреваме и се развиваме во полето на современиот накит. Самата тема за изложбата некако се наметна од просторот и обратно. Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно не воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас… Па оттука добивме и инспирација, која не понесе нас петмина и не донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со јавноста“ објаснува Јана Ацевска, дизајнер на накит и идеен творец на изложбата.

Постановката ќе биде отворена се до 30 септември и посетителите ќе можат да ја погледнат во овој период од 9 до 16 часот.

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...