В среда започнува четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo!

20-22 март 2019, Македонска Опера и Балет

Уште само два дена не делат од четвртото досега најдобро издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Вратите на Македонска Опера и Балет ќе бидат отворени од 15.00ч кога настанот и официјално ќе започне, а влезот е БЕСПЛАТЕН.

Овогодинешното издание се одржува на пет сцени: Main Stage која тематски се трансформира во #ГрадотСлуша, #ГрадотГледа и #ГрадотЧита, Градот Шкртка, Градот Убав, Градот Урбан и Градот Мечтае. Покрај сцените, и Галеријата на МОБ ќе биде исполнета со 7 паралелни изложби.

Официјалното отворање е во среда (20.03) од 20.00ч. Од 20.30ч следува настап на фантастичната саксофонистка Александра Илиева, после чиј настап публиката ќе има можност да ја проследи ревијата на Per Sempre. Вечерта ќе ја затвори селекцијата на пријатни звуци на DJ Micajkov.

Во четврток (21.03) вечерниот дел ќе започне со перформансот на Бојан Ковски од 20.30ч, по што ќе следи и “Fashion performance” – ревија на Мала Камила. За да расположението остане на максимално ниво, ќе се погрижат In The Mood.

Петок, последниот ден на настанот (22.03) ќе биде заокружен со уметноста од миксологија на shot.mk, DJ сет со Dj Fici, и како круна на настанот – Доделување на наградите на натпреварот Hyundai: Driven by design.

Целосната програма погледнете ја ОВДЕ. Запознајте се со сите изложувачи и учесници и учесниците, и следете ја официјалната Facebook страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

Настанот е спонзориран од Korea Auto Trade и Skopsko Smooth, а влезот е БЕСПЛАТЕН!

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...