Вака изгледа најдлабокиот базен во светот

Полскиот град Мзцонов кој се наоѓа на 40 километри од Варшава ќе го добие најдлабокиот базен во светот. Дното ќе се наоѓа на длабочина од 45 метри.

Базенот DeepSpot ќе биде наполнет со 8 илјади кубни метри вода, односно ќе има 27 пати повеќе вода од големите базени.

DeepSpot е во фаза на градба, а инаку ќе биде наменет и за спортско и за рекреативно пливање, како и за уживање во самиот базен благодарение на изградените тунели кои се посебно дизајнирани за набљудувачи и за непливачи.

Во составот на базенот ќе има и конференциска сала и хотелски соби со поглед на внатрешноста на базенот.

x

Check Also

Во Дубаи се отвори фасцинантен вегански ресторан

Дубаи содржи бројни ресторани со Michelin ѕвездички, но сега станува збор за ...