Вака изгледаат есенските палта од ZARA (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Есенската сезона ќе биде тука пред да забележиме. А Зара нуди многу опции за шик есенска сезона.

Во новиот тренди водич на шпанската модна марка позира популарната моделка Мика Атганараз. Дизајнерите од Зара овојпат се фокусирале на долгите капути, кожените јакни, фустаните со принт и блејзери. Од модните додатоци неизбежни се шапките, дебелите ремени, шарените сатенски и свилени марами и високите кожени чизми на стабилна потпетица.

Од палетата на бои доминираат природните нијанси како бургунди, морнарско сината, црната, кафената и беж.

Во продолжение погледнете што ни носи Зара за постудените денови.

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...