Вака се прави модерен барок: Новата продавница на Dolce & Gabbana во Рим освојува со ентериерот

Во Рим се отвори уште една продавница на Dolce & Gabbana, а за ентериерот се зборува…

Инспирација за овој неверојатен ентериер е токму Ватикан. Во просторијата на новата продавница има дигитални фрески, 59 столбови и бројни други модерни архитектонски решенија кои пленат.

Продавницата располага со 800 квадратни метри на два ката. Раскошниот ентериер е изработен во соработка со Ерик Карлсон и неговата позната париска канцеларија.

Плафонот, инспириран од Сикстинската капела и нејзината галерија, особено привлекува внимание зашто претставува современ пристап кон барокот кој на дигитален начин ги трансферира фреските од 18от век, пренесувајќи ги на сосема ново ниво.

Бутикот има две куполи, а секоја е декорирана со рачно изработени прстени и камен мозаик.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...