Валентина Трајковска: Кај жените косата ја гледам како симбол на убавина и женственост

Валентина Трајковска е сопственик на фризерскиот салон „Вале“ и долгогодишен професионалец во работата која ја работи – изгледот на косата. Трајковска е позната и по техниката на стилизирање на краткиот момчешки стил за женствените дами.

1vale
Кои се основните совети кој еден професионалец кога е во прашање негата на косата треба да ги посочи на секој свој клиент? 

Треба редовно да ја негува косата со препарати  кои се неопходни во зависност од  типот на косата. За оштетена и третирана коса има посебен третман со кератин, за мрсна коса постојат одлични шампони и ампули, а за сува коса се препорачува шампон и маска. Многу често поставувани прашања на мојот Фејсбук профил доаѓаат од девојки кои имаат проблеми со мрсната коса, па тогаш им препорачувам да внимаваат и на исхраната,  односно здраво да се хранат бидејќи и храната која ја внесуваме влијае на структурата на косата. Поденакво им препорачувам и  редовно потстрижување на косата за да изгледа здрава и квалитетна.

1def
Како се негува косата во есен? 

Косата во есен воглавно кај сите опаѓа и не треба да се крева паника  околу тоа. Тоа е нормална последица на промената на временските услови,  како чадот и студот, па така треба да се обрне внимане на внесот на повеќе  витамини, зеленчук, овошје и бадем.
Кои трендови на боење на коса се актуелни за оваа сезона?
 И оваа сезона техниката на боење „омбре“ останува голем хит кај нас, но во странство тоа е веќе мината мода. Нијансирање на прамени и боење на косата главно со топли бои, како што се чоколадо -бојата и медовата, се актуелни за оваа сезона есен/зима.
2 vale
Кои стилови на потстрижување се најбарани, а кои вие ги препорачувате? 

Во моето 25- годишно искуство, од самиот мој почеток па се до денес, моите клиенти ги слушаат моите совети, па така секогаш  комплетно оставаат на мене да одлучам што да направам за нивната коса и воопшто стилот.  Имам „одрвзани раце“ тоа да го направам на најдобар можен начин, а тие пак да излезат оттука задоволни и насмеани. Секогаш земам предвид и со каква професија се занимава конкретниот клиент, освен што проценувам каков вид на фризура одговара на одредените црти на лицето. Со фризурата, кога таа е соодветна, лесно можат да се истакнат убавите црти, а да се сокријат недостатоците. Покрај формата на лицето, важни се и формата на очите, носот,челото, устата, ушите. Сите ние сме различни, и кај секого фризурата треба различно да се моделира. Значи, ја препорачувам онаа фризура која истовремено ескладна за одредена личност и модерна, без разлика даи станува збор за благ степен, кратко потсрижена  или  асиметрично пострижана. Кратката коса никогаш нема да биде здодевна.
kosa 3
Боената коса повторно е во мода, но освежена со многу светли, впечатливи прамени во различни нијанси, од бебешко розова и циклама преку зелена и сина, па се до портокалова и виолетова. Можат ли овие бои да се комбинираат, се е дозволено или сепак лесно може да се премине во кич? 

Јас велам – се се носи, но сепак се зависи од стилот и карактерот на клиентот . Понекогаш може тоа да биде кич и смешно, а може и да биде атрактивно и модерно, се зазвиси од личноста. Многу е важно и самиот клиент да има веќе изграден свој стил преку кој ќе ја испрати својата визуелна порака кон другите.
ombre
Сметате ли дека „омбре“ техниката е малку агресивен начин на нијансирање на косата? 

И оваа година омбре е хит и многу барана техника на косата, па се додека нејзиниот тренд го трпи тоа може да се кобинираат и сенчат боите. И се е во ред додека тоа и „стои“ на мојата клиентка.
ombre 2
Познати сте по техниката на стилизирање на женската коса во момчешки стил, односно по кратките „машки“ фризури. Сметате дека дамите со кратка коса се навистина женствени?

Од кога знам за себе имам кратка фризура и навистина слаба страна ми се кратките  фризури. Уште од моментот кога Шарлиз Терон се појави на црвениот ќилим на Оскарите со кратка коса, јасно беше дека многу ќе се зборува за нејзината нова фризура и таа навистина направи „бум“.
4 vale
Девојките со кратка коса се повпечатливи, па уште ако на таквата фризура се додаде нијансирање на косата, со ефектни и контрасни бои, тоа е „полн погодок“. Не мора да значи дека „машката“ фризура не е  женствена, секоја фризура си е посебна за себе. Кај жените косата ја гледам како симбол на убавина и женственост. Кратката коса која ја буди женственоста само е повод да не се откажеме од експериментирањето.

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...