Валентино против модните инфлуенсери: На вулгарен начин влијаат на младите

Во интервју за италијанскиот дневен весник „Ил Месаџеро“, познатиот моден креатор упати силни критики кон инфлуенсерите.

По Џон Сина, американски рапер и глумец, уште една славна личност ги нападна инфлуенсерите. Станува збор за славниот дизајнер Валентино Гаравани (87), основач на модната марка Валентино. Во неодамнешното интервју за „Ил Месаџеро“ тој вели: -Нивниот стил се базира на вулгарност, ова е неверојатен пазар на лош вкус кој се повеќе се инфилтрира во светот на младите, благодарение на инфлуенсерите кои промовираат смешни и погрешни избори.“

Всушност, според Валентино, ѕвездите на Интернет негативно влијаат на младите и кога станува збор за модата. И самиот Валентино има над 1.4 милиони следбеници на Инстаграм, па новинарот му поставува прашање дека и тој е на некој начин инфлуенсер. А креаторот одговара:

-Не сакам да бидат наречен така. Постојат инфлуенсери и инфлуенсери. На пример, пријател сум на една неверојатна жена со стил Оливија Палермо. Нејзината способност да комбинира различни модни парчиња е извонредна и таа го заслужува успехот кој го има.

 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...