Ванилини срциња за Денот на вљубените

Лесни за подготовка, преслатки на изглед и превкусни за непцето, израдувајте ги саканите со ванилини срциња.

Намирници – 200 грама путер или маргарин на собна температура (не смее да биде премек), 2 жолчки од јајца, 100 грама шеќер, 2 ванилин шеќер и 300 грама брашно, калап во форма на срце.

Подготовка

Измиксајте го путерот, жолчките и шеќерите, потоа додадете го брашното па рачно замесете го тестото. Не треба да додавате млеко ниту вода. Доколку тестото ви изгледа меко, оставете го во фрижидер 30-на минути, тоа зависи колку путерот ви бил мек. Тестото развелкувајте го тенко на добро набрашнета подлога, а тестото набрашнете го и одозгора пред развлекувањето. Рерната вклучете ја на 180 степени и оставете ја да се грее. Тавчето од рерата прекријте го со мрсна хартија за печење. Со помош на калапчето исечете срца. Калапчето секогаш пред сечење натопувајте го во брашно. На половина од бисквитите издлабете им дупче на средината.

Густо наредете ги бисквитите во тава за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 до 15 минути. Додека едни кекси се печат направете други.

Печените срца премачкајте ги со полнење по желба. Полнењето, кремот или мармаладот, одберете го во црвена боја. Бисквитите кои имаат дупче посипете ги со шеќер во прав, па такви попрашени залепете ги врз полнењето.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...