Вашето омилено Гранд кафе отсега и во ново пакување

Со секоја измината година, Гранд Кафе останува посветено да овозможи врвно уживање во вистинското, домашно свежо кафе. Пакувањата се менуваа колку толку за да бидат во чекор со времето, но и да останат блиски, сакани и препознатливи , за да кога ќе ги видиме на полиците во маркетите, да можеме да го замислиме вистинскиот, опоен мирис и вкус.

Сега, целото портфолио на свежо меленото Гранд кафе има нов изглед, елегантно мат пакување, кое нè потсетува на најубавите моменти на одмор и дружење, едноставно поттикнувајќи нови приказни, дополнувајќи ја магијата на уникатното уживање со омиленото кафе.

Гранд кафе во препознатлив, но освежен изглед, останува неопходен дел од нашиот секојдневен живот без кој не можеме да замислиме ниту едно утро или попладневно собирање со драгите луѓе.


Grand Aroma има комплетно нов изглед на пакување, кој со својата арома црвена боја и кафе елементи, а со својот деликатен и ароматичен вкус не потсетува на моментите на уживање.


Гранд Делукс кафе со новите елегантни линии на пакување, освојува со својот супериорен вкус на вистински премиум производ наменет за сите хедонисти кои страсно уживаат во врвните производи.

Побарајте го Вашето омилено Гранд Кафе во новото пакување, уживајте во неговиот препознатлив мирис и вкусот, и информирајте не за вашите впечатоци!

x

Check Also

Мистериозна клупска забава за сите сетила

Со воведувањето на едно невообичаено искуство уште во 2017 година, Neuland платформата која ...