Васка Леонтиќ: Во тренд се интензивните тонови за матурските вечери

„Ако можам да направам споредба, има голема поделба меѓу имиџот кај младите. Едни имаат префинет вкус, а други претежно копираат и сеуште го бараат својот стил сметајќи дека туѓото е подобро“, вели Васка Леонтиќ, сопственик на Академија и студио Леонтиќ.  

vaska 1Каква шминка годинава е во тренд меѓу матурантите?

Шминката за матурските вечери се менува според стилот на тоалетата, секоја година. Годинава во тренд се интензивните тонови, како на пример, индиго-сината боја, интензивни зелени тонови во сите нијанси, нагласени розови руменила и кармин, потенцирани и истакнати контури со молив за очи или туш. Сепак, не знам дали секој на себе ќе ја примени оваа трендовска техника и тонови на шминка. Младите за жал, слепо ја следат модата и нормално се што е последен хит најмногу се бара и применува.

Би се согласила ли дека денес матурантките, кога станува збор за изборот на гардероба, фризура и шминка, изгледаат посериозни и „повозрасни“ од оние во наше време?

Можам да забележам дека многумина од помладата популација во последно време водат грижа за својот имиџ и почнуваат да градат стил уште во почетоците на пубертетот, а потоа само го надградуваат. Но за жал, постојат и многу млади девојки кои долго го бараат или воопшто не можат да го пронајдат својот имиџ, па тогаш од сами себе прават копија на познати естрадни лица, водителки или глумици, сакајќи да се поистоветат со нивниот имиџ. Тогаш се изобличуваат и изгледаат постаро за своите години.

vaska 2

Имаме две категории на љубители и следбеници на мода, едните се оние кои копираат и немаат свој имиџ, а другите се љубителите на мода кои сами ја креираат модата според своите лични потреби. Оние кои веќе имаат изграден стил често препуштаат на професионалецот да одлучи што е најдобро за нив или само ќе напоменат што сакаат или што несакаат. Најчесто бараат многу дискретна шминка, да не речам невидлива и едноставна, зашто повеќе преферираат негувана кожа, чисто лице, висок сјај, а што помалку пудра и дополнителни декоративни тоналитети.

Што најчесто бараат пак, оние кои ја прославуваат своја мала матура?

Кај полуматурантите е поголем проблемот за избор на шминка, на тие години секогаш сакаат да изгледаат постаро отколку што се. Затоа честопати не можеме да погодиме на која возраст се, бидејќи и тоалетата што ја избираат е иста како онаа кај матурантите. Нема разлика во изборот. Често и јас се збунувам кога ќе дојдат на разговор.

vaska 3

Што е со фризурите, какви се денес модерни?

Што се однесува до фризурите тука е очигледна големата промена на подобро. Пред осум, десет години, фризурите беа многу тешки и мораа да се препознаат дека се фризирани. Тие фризури беа налик на натпреварувачките или како за на свадба, многу високо загладени, тапирани, со голем волумен, стилизирани, а при тоа да не се води сметка за ликот и карактерот на клиентот.

Денес фризурите се многу едноставни и природни. Дури и кога се наменети за свечена пригода тие не доминираат на севкупниот изглед и лесно се прилагодливи на возраста.

Најголем дел од матурантите сега лесно ја прекршуваат косата во бранови, косата може да биде половина собрана и загладена, но не и тешка и без висок израз. Доколку косата е собрана е многу едноставна и со голема чистина при самата изработка.

vaska 4

Со ова искуство и ум, а да ги имаш тие години, како ти би се дотерала за една матурска вечер?

Кога сега би се подготвувала за матура, сигурно би одвоила многу време како пред многу години, но за среќа сега има голем избор на тоалета и сега не се носат како во наше време претешки фустани. Колку што забележувам во изминативе години кај младите за ваквите пригоди доминира тоалетата инспирирана од модните списанија, од фестивалите или од филмската индустрија.

x

Check Also

Луксузна есенска маска за лице од домашната кујна

Сакате да уживате во луксузни нешта? Погледнете во фрижидерот, таму се. Многу ...