Вчеравечер City Radio испрати позитивна енергија од Зелената градина на кровот од ГТЦ заедно со 5-тте диџеи

Вчеравечер во Зелената Градина на ГТЦ, диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби и диџеј Фици во организација на City Радио и под покровителство на Градскиот Трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб, направија вистинска журка.

Обожавателите на добра музика ја следеа забавата во живо на YouTube каналот на  City Radio или директно на радио фреквенцијата 94,7 ФМ. City Radio вршеше и пренос во живо преку своите Instagram и Facebook профили, каде што на журката се приклучуваа многу следбеници и уживаа во различните битови на музика.

Забавата под мото „Се собравме за вас“ траеше од 20:00 до 23:00 часот, а судејќи според коментарите на оние кои што ја следеа, овој проект се реализираше одлично.

Диџеите и организаторите испратија позитивна енергија до сите слушатели на уникатен и посебен начин.

Според нив карантинот и корона вирусот не смеат да ни ја одземат забавата, а со лошото треба да се бориме со добро!

За сите оние кои што ја пропуштија синоќешната забава, можат да ја проследат на следниот линк:

 

 

x

Check Also

Совршен за плажа: Погледнете го овој пончо фустан од PARFOIS

Сакате да изгледате шик и тогаш кога сте на плажа. Во PARFOIS најдовме ...