Ве мачи несоница? Пробајте од оваа моќна зелена напивка

Во борбата против несоницата и стресот помагаат сојузниците од природата кои го опуштаат телото подобро од популарните апчиња.

Како последица на брзиот начин на живот исполнет со стрес, нездрава и брза исхрана и недоволно движење, се почесто имаме неквалитетен сон, а многумина ги мачи несоницата. А веќе следниот ден сме уште поуморни од минатиот, со тоа и уште понервозни и повеќе подложни на стрес.

За да го прекинеме овој круг на несоница и стрес од кој како да не можеме да излеземе, особено не свежи, потребно е да го релаксираме и прочистиме телото. Зелениот сок е напивка која е најдобар сојузник за опуштање и прочистување на телото, а се прави од шест моќни намирници од природата.

Се подготвува лесно и брзо, може да се направи и во поголема количина за дозата да трае до два – три дена доколку се чува во фрижидер.

Се пие наутро и после ручекот.

За да подготвите една чаша (или една доза) од зелениот сок потребно е – 1 краставица, 1 ѓумбир, 1 лимон, 2 целер, 1 зелено јаболко, 9 стебленца аспарагус.

Аспарагусот потопете го во ладна вода пет минути, краставицата, лимонот и јаболката излупете ги и исечкајте ги на парченца. Така исечкани ставете ги во блендер и додадете го ѓубмирот и целерот.

Аспарагусот изобилува со витамини, но и со фолна киселина која помага за смирување на организмот. Целерот содржи минерали кои го смируваат нервниот систем, а дополнително поради магнезиумот кој исто така го содржи помага во опуштање на организмот. Ѓумбирот помага од телото да се исфрлат наталожените токсини, додека краставицата го намалува крвниот притисок.

x

Check Also

Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?  

Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават ...