Ве мачи пролетна алергија? Вклучете ја оваа напивка во секојдневното мени

Оние кои ги мачи пролетната алергија добро ги знаат нејзините симптоми – нервоза, затнати синуси, чувствителни и насолзени очи…Секако, симптомите се кај секого различни, но поголем број на луѓе истакнуваат дека чувствуваат хроничен замор.

Пролетната алергија може да го наруши квалитетот на животот и да го отежне извршувањето на секојдневните обврки. За среќа, постојат различни начини за соочувањето и спречувањето на алергијата, а доколку го преферирате природниот начин, пробајте ја оваа вкусна напивка која ќе ги ублажи симптомите.

 За да ја подготвите напивката потребно е:
  • 1 морков
  • 2 портокала
  • половина краставица
  • неколку листови нане
  • 20 гр свеж корен од ѓумбир

Измијте ги убаво сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Уживајте во оваа вкусна напивка пред секој оброк.

x

Check Also

Лебот е добар за децата

Можеби не сте знаеле, лебот освен што е вкусен и децата го ...