Вечерва во МКЦ – „Grand Theft Auto“ тематска забава со дрес код

Вечерва, со почеток од 22 часот, во МКЦ ќе се одржи „Grand Theft Auto“ тематска забава, во организација на Скопски Грув и Funky Fresh.
Овој настан е воедно и последната журка во МКЦ за годинава. Преку култните радиостаници застапени во игрите, овој пат со фокус на San Andreas и GTA V, односно автентичниот Los Santos звук ќе го доловат DJ Goce и Double G. Настанот има и задолжителен дрес код: West Coast Los Santos /Gang Colours.

Билетите се во ограничен број, достапни по цена од 400 денари на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

x

Check Also

ИЗЛОЖБА: „Убава е Македонија“ од Новица Трајковски во галерија „Метаноја“

Денес (понеделник, 18 октомври) од 12 часот на ул. Максим Горки бр. ...