Мамурлакот е честа последица на претераното празнично опуштање.
Непријатниот мамурлак со познатите симптоми главоболка и мачнина може да ви го расипе целиот ден. За да си помогнете, направете зелен сок кој делува брзо и проверено.
Потребни ви се 15-на минути за подготовка на овој природен лек против мамурлак, а потребни намирници се:
2 зелени јаболка
1 чаша спанаќ (варен)
Половина чаша зелен чај
50 грама бадеми
2 мали лажички мед
1 лимон (сок од свеж лимон)
неколку ливчиња нане
Подготовка
Излупете ги јаболката и извадете ги семките. Потоа исечкајте ги на ситни коцки. Јаболките заедно со бадемите, спанаќот и ливчињата нане ставете ги во блендер. Добро измиксајте.
Додадете го сокот од исцедениот лимон, медот и зелениот чај и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Пијте полека.