Велигден 2017: Идеи за декорација на велигденската свечена трпеза

Секој од нас сака за големиот христијански празник Велигден да мине пријатни мигови со најблиските, да се собереме покрај масата, а таа да биде убаво декорирана и украсена во свечен празничен дух. Претпоставуваме дека сакате да „украдете“ по некоја свежа, нова инспирација за сервирање на трпезата, па тука сме да ви помогнеме со задоволство.

Земете предвид дека трпезата треба да изобилува со живи бои, а тоа се жолтата, зелената, сината, розовата, лилаковата и портокаловата, а секоја боја симболизира некои од главните симболи на Велигден, како на пример, пилиња, морковчиња…, и воопшто животна радост.

Ако сакате навистина весела трпеза, не оставајте ги чиниите празни, туку украсете ги со салветки во форма на морковчиња, велигденски јајца, зајчиња, цветови и слично. Лилаковите и жолтите цветови, поставени во централниот дел на трпезата, исто така внесуваат празнично шаренило и убави се за очи. Велигденското дрвце никогаш не излегува од мода, па така тоа често се наоѓа и на велигденската свечена трпеза.

Инспирирајте се од фотогалеријата.

x

Check Also

Еко-Свест: Дрвото можеби грее најевтино и најубаво, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се ...