Имате килограми повеќе? Ви ја препорачуваме празничната диета со јајца

Обично празниците носат и некој килограм повеќе…dita glavna 01
Оваа диета не е за луѓето кои имаат пробелми со холестерол и триглицериди. Диетата трае шест дена и оди со конзумирање на големо количество на течности, природни, односно цедени сокови и вода. Дневната доза на испиена течност треба да биде од 2 до 2,5 литри. За време на ручекот дозволена е и една чаша бело вино.
Диетата можете да ја држите шест дена или два пати по шест дена, со пауза меѓу првата и втората, односно најмногу вкупно 12 дена.
Појадокот е секој ден ист – овошен јогурт, како и ужината – природно цеден сок од јаболка, морков и грејпфрут (2-3 чаши).

ПРВ ДЕН

dieta 1Ручек – 2 варени јајца, марула, младо кромитче, маслиново масло, маслинки. Состојките се мешаат и белковините се доволни за да го заситат организмот. На крајот од ручекот може да си дозволите порција бистра супа.
Вечера- 2 варени јајца и шопска салата.

ВТОР ДЕН

Ручек – Спанаќ се динста со маслиново масло, кромид, лук, домати и морков. Откако спанаќот ќе се издинста се рендаат 2 тврдо варени јајца.
Ручекот дополнете го со салата направена од цвекло, морков и зелка.
Вечера – 1 варено јајце со 1 лажица немрсна павлака, маслиново масло и младо кромитче кои се мешаат. Вечерата дополнете ја со салата од домати, марула и младо кромитче.

dieta spanak

ТРЕТ ДЕН

Третиот ден се базира само на овошје и зеленчук. Овошјето се јаде во претпладневните часови, а салатата е разновидна. Можете да се напиете и ацедофилен јогурт.

ЧЕТВРТИ ДЕНdieta 2

Вариво од зеленчук, по можност брокула, карфиол, кељ  и прокељ се динстаат со маслиново масло и малку сол. Потоа се додаваат две изрендани варени јајца и 1-2 лажици немрсна павлака. Ручекот дополнете го со салата од марула, младо кромитче и маслинки.
Вечера- 1 јајце, марула, кромид и краставица.

ПЕТТИ ДЕН

Ручек- издинстана коприва или штавеј со маслиново масло се мешаат со 3 варени јајца, кромид и 3 домати. Дозволена е и една чаша ацедофилен јогурт. Салата –  цвекло, целер и морков.

dieta salata

ШЕСТИ ДЕН

Шестиот ден е ист како и третиот ден, само на овошје и зеленчук.
Резултат? Слебеењето е индивидуално, но се гарантира загуба на 2 килограми за шест дена. Ако ја повторите диетата, со неколку дена пауза, вкупно ќе загубите 4 до 5 килограми. Во счучај за време на паузата да не претерате со надокнадувањето на храна.

x

Check Also

Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

Идеалот за мазна, кристално чиста кожа без акни, пори или брчки постои ...