Велигденска пиниата торта на изненадувањата

Кое детенце не би било пресреќно да добие торта од која, кога ќе ја пресечете, паѓаат шарени бомбончиња. Еве како да ја направите детската пиниата торта.

pi 99

Од секоја торта може да направите пиниата торта. Но земете предвид – тортата што е на повеќе ката ќе има поштосен изглед. Исто така, повесело ќе изгледа тортата која содржи филови во различни бои (најдобро ако се боите на виножитото).

Испечете го тестото за тортата која мислите да ја направите и подгответе крема со која ќе ја филувате тортата. Кога тестото за тортата е испечено, средината на секое тесто пресечете ја со округол калап. Исфилувајте ја тортата, но внимавајте средината која сте ја пресекле да остане празна. Кога ќе завршите со филување на тортата, земете шарени бомбончиња и претурете ги во средината на тортата, односно „дупката“ наполнете ја до врв со бомбончиња.

pi 3

pi 4

Дури сега тортата однадвор може да ја декорирате по желба и вашата пиниата торта на изненадувањата е готова!

pi 5

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...