Велигденска трпеза: Весели јајца полнети со крем

Од јајцата кои ни се скршиле при процесот на боење, односно при варењето,  може да направиме вистински празник за очите и непцето за велигденската трпеза.

Прво, ги лупиме, потоа ги ставаме во боја за храна, ги оставаме 1 час да отстојат во фрижидер и потоа ги сечеме на половина. Ги отстрануваме жолчките и од нив правиме крем за полнење на белките. Жолчките ги пасираме во тањирче или користиме блендер. Додаваме 2 големи лажици маслиново масло и матиме уште малку.  Постепено додавеме и сок од цеден лимон и на крајот додаваме 3 големи лажици сенф.

Зачинуваме по вкус, мешаме уште еднаш и кремот за полнење е готов.

x

Check Also

Ова е највкусниот десерт од јагоди (и гриз) во чаша!

Се подготвува брзо, а ваков гриз сеуште не сте пробале. Од состојки ...