Велигденски чоколадни јајца полнети со превкусен крем

Совршен десерт за велигденските празници, а и самата подготовка е многу едноставна.

Намирници – 12 чоколадни јајца (може и киндер јајца), 150 грама крем-сирење, 30 грама шеќер во прав, 1 лажица сок од лимон, 1 лажиче ванилин шеќер, 150 грама слатка павлака за шлаг, прелив од карамела.

Подготовка

Најпрво пресечете ги врвовите на чоколадните јајца, на тој начин што остриот нож прво ќе го загреете (а може да користите и скалпел). Ставете ги јајцата на ладно, потоа со миксер изматете го крем-сирењето со шеќерот во прав, сокот од лимон и ванилиниот шеќер додека добиете глатка смеса. Во друг сад изматете ја слатката павлака за шлаг, па соединете ја со смесата од крем сирењето, мешајте додека да добиете изедначена смеса. Со смесата полнете ги јајцата до врв (може и со готварски шприц). На самиот врв ставете малку карамел прелив кој треба да „глуми“ жолчка.

Послужете ги велигденските слатки јајца ладни и уживајте во вкусот.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...