Традиционално за велигден се бојат јајца, се подготвуваат кошнички со украси, а наједонставен и најефектен начин на декорирање на просторот е да појдеме на пазар по даровите од природата. При тоа, мислиме на цвеќе, гранчиња и гранки, кои многу ефектно ќе изгледаат во собата особено ако се дополнат со уште некои детаљи.
Лалињата се многу погодни за декорација. Направете букет од природни лалиња, ставете го во помала ваза со вода, а потоа вазата ставете ја во поголем стаклен сад кој ќе го наполните со велигденски јајца или шарени бонбончиња.
На букетот со лалиња може да му додадете моркови за повпечатлив изглед. Всушност, на сите цветни аранжмани можете да додавате фигури од зајчиња и птички.
Уште една впечатлива декорација со цвеќиња е да употребите хартиена кутија за јајца, во неа да наредите мали чашки со вода, а во нив да ставите цвеќиња.
Како вазни за цвеќенцата може да послужат и самите луспи од јајца, наполнети со вода.
Гранките даваат истотака безбројни можности за украсување. Декорирајте ги со птички и на нив наместо плодови нека висат украсните јајца.
Рустикалните декорации се годинава во тренд. Проверете во подрумот што може да послужи како дел од декорот, на пример, некоја стара дрвена столица или пак, кофа.
Инспирирајте се од фотографиите.