Велигденски јајца со мермерен ефект

Бојадисувањето на јајца на некласичен начин, со ефект на мермер, може да биде многу елегантно решение.

Мермерниот ефект можете да го добиете со помош на вода и лакови за нокти, а нијансите ќе ги изберете во зависност од боите кои ќе преовладуваат на празничната трпеза. Во овој случај, тоа се црната, сивата и нежната виолетова нијанса.

Измешајте во пластична чаша со вода една по една боја и додека сеуште „пловат“ на површината, натопете го јајцето за бојата да ја прифати на себе. Резултатот е – ефект на мермерно ишарана површина.

Натопеното јајце во чашата, внимателно извадете го и оставете да се исуши. Потоа наредете ги јајцата во соодветен елегантен сад.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...