Велигденски кошнички од шунка и јајца

Разубавете ја велигденската трпеза со овој рецепт на кошнички направени од шунка, јајца и кашкавал.

Потребни намирници – 8 тенки листови шунка (или пршут), 8 јајца, 4 лажици исечкан млад кромид, 200 грама изрендан кашкавал, 2-3 домати, сол и црн пипер, масло за премачкување на калапчињата за мафини.

maf 1

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во меѓувреме, изрендајте го кашкавалот и исечкајте ги младиот кромид и доматите на ситни парченца, па премачкајте ги калапчињата за мафини. Во секое калапче прво ставете ја шунката, убаво наместена во форма на корпичка за да го покрие калапот.

maf 4

Кршете едно по едно јајце и секое јајце (без да го матите) ставете го над шунката (во секоја корпичка по едно јајце). Врз секое јајце ставете од изренданиот кашкавал потоа и од исечканите домати, посолете и зачинете и на крајот наросете од младото кромитче. Печете ги корпичките во загреана рерна околу 20-на минути.

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...