Велигденски сладок куглоф

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф.

Од намирници потребни се: 375 грама брашно, 1 свеж квасец, 2 јаболки, 100 грама шеќер, 2 лажици мешавина од мелен цимет, каранфилчиња и морско оревче, 15 грама какао, сол, 2 јајца, 200 милилитри млеко, 100 грама путер.

За филот е потребно: ½ кесичка прашок за пудинг од ванила, 250 милилитри млеко, 3 лажици шеќер, шеќер во прав.

Подготовка: Од состојките замесете средно тврдо тесто и оставете го да стасува. Измиените и излупени јаболки ситно исечкајте ги. Стасаното тесто расмесете го и додадете ги јаболките. Ставете го тестото во калап за куглоф и оставете го да стасува уште еднаш. Печете 60-тина минути на температура од 180 степени.

Изладениот куглоф исечете го на три еднакви дела. Со претходно сварениот и изладен пудинг премачкајте ги првиот и вториот дел од куглофот.

Готовиот празничен куглоф наросете го со шеќер во прав.

x

Check Also

Домашен сладолед од банана и путер од кикиритки

Се подготвува брзо, не треба да сте вешти во кујната, а задоволството ...