Зухаир Мурад

Венчаници 2017: Најубавите модели од луксузните модни марки

Од сирена-модели, со отворен грб и гламурни, до едноставни и минималистички, во колекциите за пролет/лето 2017 на луксузните модни марки препознаваме прекрасни креации.

Годинава луксузните модни куќа ни нудат заводливи сирена фустани за денот на венчавката, обично се во бела боја, разиграни со слоеви од тул, со ефект на тетоважа или со суптилни фолии.

Подеднакво преовладува и трендот на романтичниот стил на чипкастите венчаници кои се често со меки здолништа, кои достигнуваат највисоко ниво на ексклузивност благодарение на „водопадните“ апликации.

Не помалку модерни се и моделите со асиметрични парчиња дополнително разиграни со везови или светкави додатоци.

Инспирирајте се од најубавите модели на познатите луксузни модни марки претставени во фотогалеријата.

 

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...