Ви се допадна нешто од Невестинската модна недела? Благодарение на сајтот Мода Операнди, сега се достапни во продажба.
Сајтот Мода Операнди го отвори невестинскиот онлајн бутик. Бутикот нуди венчаници и модни додатоци за невести од најпознатите светски модни дизајнери.
Сајтот вклучува избор на повеќе типови венчаници кои се поделени во неколку категории – романтични, модерни и традиционални. За оние со подлабок џеб пак, се нудат и средби со креаторите како и лични совети од нив.