веганска торта

Венчаницата на Хилари Свонк: 25 метри чипка, 8 метри свилен шифон и 6 метри органска свила

Љубовната приказна на глумицата и продуцента Хилари Свонк и претприемачот Филип Шнејдер започнала со едночасовен ручек и продолжила да траеше засекогаш.

„Тоа беше една средба на „слепо“ организирана од Вики, сопругата на глумецот Миша Колинс, и уште еден близок пријател Жан. Се сретнавме во 10:00 часот а се разделиве во 11:00 часот “, низ насмевка објаснува Хилари. “Уживавме во часот кој го поминавме заедно!”

Година и половина подоцна, Хилари и Филип се вериле.  „Не знаеме зошто толку долго чекавме!”, признавава Хилари. Кога биле во Колорадо на одмор, застанале пред некој неверојатен водопад, идилична глетка на рустични куќички, изградени во 1800-тите, опкружени со прекрасни борови, Филип клекнал на коленото и ја запросил Хилари.

А бидејќи и двајцата ја сакаат природната убавина и тивките и осамени предели, одлучиле свадбата да ја направат во Кармел во Калифорнија.

Венчаницата на Хилари, дизајнирана од Ели Сааб, изгледала како да е направена токму за оваа магична локација – 25 метри чипка, осум метри свилен шифон и шест метри органска свила, дизајн за кој се вложиле 150 часа труд за да се создаде, од кои 70 часа работа биле фокусирани исклучиво на везот. На венчаницата работеле седум луѓе.

Венчаницата дизајнирана од Ели Сааб, омилениот дизајнер на глумицата

„Со години го сакам Ели Сааб и бев воодушевена што го дизајнираше мојот фустан”, вели Хилари.

По официјалната венчавка која се случувала во волшебен шумски предел, следувала вечера за блиските роднини и пријатели на семејствата, на која гостите уживале во различни салати, лосос и врвен шампањ и вина. За оваа прилика Хилари носела бела креација од Диор.

И со двата фустана, венчалниот и вечерниот, глумицата носела чевли од омилениот дизајнер за чевли, Кристијан Лубутен. Филип Шнејдер пак, носел костум од Диор.

веганска, глутен-фри торта

Вчерниот фустан дизајниран од Диор

 

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...