Венчаници: Инспирирајте се од моделите од новата колекција на Вера Ванг

Една од најпопуларните дизајнерки на венчаници, Вера Ванг, ја претстави новата колекција на невестински фустани за сезоната пролет 2020. Авангардните дизајни на Ванг може да послужат како инспирација за соврмените идни невести.

Во тренд се цветовите, особенено како раскошни додатоци во колор на венчалнио фустан. Судејќи според новата колекција на Ванг, насловена, Enchantment, модерни се романтичните дизајни во кои доминира тантелата. Од материјалите предност имаат свилата, францускиот тул, макраме и крепот.

Палетата на бои се движи од розовкасто-бела, до бледо-розова, снежно-сина и светло зелена до различни нијанси на виолетова. Асиметричните кроеви се „ин“, рачно изработените цветови како додатоци кај рамената и контрастните детали.

Фотосесијата е снимена во Ботаничката градина во Сингапур.

Повелете инспирација.

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...