Веренички прстен каков што секоја девојка би посакала

Дали некогаш сте чуле за скапоцениот камен моисанит? Доколку не сте, време е да дознаете за што станува збор, особено доколку набрзо планирате да „рипнете во тавче“.

6

Секоја девојка посакува да има забележителен и блескав веренички прстен, кој не само што ќе ја рефлектира нејзината женственост, туку и ќе претставува симбол на љубов, лојалност, верност и почеток на ново и прекрасно поглавје во животот. Со оглед на тоа, скапоцениот дијамант отсекогаш бил поим за камен, кој најмногу соодветствувал за употреба во индустријата на веренички прстени. Сепак, превисоката цена честопати е голема препрека за многу претставници на посилниот пол, кои сакале пријатно да ја изненадат својата понежна половина.

5

Моисанитот е скапоцен камен, за кој научниците велат дека е „роден од ѕвездите“. Него прв го открил францускиот нобеловец по хемија, Хенри Моисант, кон крајот на 19 век. Тој пронашол микроскопски честички од овој камен во Аризона, во кратер создаден од метеорит кој паднал на Земјата. Но, иако го посветил целиот свој живот обидувајќи се повторно да го создаде лабoраториски, никогаш не успеал во тоа.

2

Сепак, група научници од Северна Каролина, кон крајот на минатиот век, успеваат преку темелен процес да ги синтетизираат честичките и да го создадат еден од најблескавите скапоцени камења во светот.

Според неговата цврстина, моисанитот е рамо до рамо со неговиот најблизок конкурент, дијамантот. Според Мосовото скалило на цврстина, тој има оценка 9.25, додека дијамантот има оцена 10. Сепак според нивната сјајност моисанитот е далеку пред дијамантот.

1

Кога станува збор за оштетување и гребење, воопшто немате потреба да се грижите. Секој производител на овие драги камења, дури и оригиналниот креатор на моисанитот, компанијата „Charles and Colvard“, гарантира дека и по 100 години од неговото купување, нема да има ни најмала трага од времето. Отпорен е на гребење, нагризување, кршење и ронење. Дополнително тој е отпорен на високи температури и во оваа конкуренција ниту еден друг скапоцен камен, вклучувајќи го и дијамантот, не може да му се приближи. Дури и на температури од 1100 степени Целзиусови, моисанитовите камења остануваат недопрени и блескави, како првиот ден кога биле создадени.

3

Најважното нешто е што тој чини далеку помалку. Доколку се определите за дијамант, за еден карат би требало да одвоите околу 5.000 американски долари, додека за моисанит од слична големина доволно ќе ви бидат и 700. Во нашата земја многу тешко би можеле да најдете ваков тип на скапоцен камен, но низ светот најчесто го има во секоја златара што се занимава со продажба на овој скапоцен камен. Како и да е, наједноставниот и најдобриот начин да купите ваков прстен е онлајн. Преку посета на веб-страните на познатите брендови можете да најдете голем избор на разни форми на прстени со моисанит, како и друг вид накит. Доколку го знаете бројот на прстенот на вашата партнерка, сè друго е лесно. А дури и да не го знаете, поправката не би ве чинела многу.

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за овој тип на прстени (moissanite rings), посетете го блогот Lifestyle Updated, каде што можете да наидете на обемна анализа, која ќе ви даде одговори на сите дополнителни прашања што можеби ги имате во врска со овие прстени.

Кристина Шумадиева

http://fashioncorner.net/

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...