Вереничкиот прстен на Џенифер Лоренс „блесна“ на ревијата на Диор

Почетокот на 2019 година на многу ѕвезди им донесе официјализирање на нивните врски и веридби. Една од нив е и глумицата Џенифер Лоренс, за која не „протекоа“ (до сега) фотографии во јавноста околу нејзиниот веренички прстен.

Првите фотографии на кој Џенифер Лоренс позира со дијамантниот веренички прстен, пристигнаа од Модната недела во Париз, каде глумицата присуствуваше на ревија на Диор. Лоренс е амбасадорка на оваа француска луксузна марка, со која соработува уште од 2012 година.

Ова е и воедно прво јавно појавување на Лоренс од кога се прочуја вестите во јавноста дека се верила. Глумицата е верена за Куки Марони, кој е директор на позната уметничка галерија.

Според, списанието „Ел“ вереничкиот прстен има вредност од околу 200 илјади долари.

 

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...