Вереничкиот прстен на Кети Пери е сосема неконвенционален

Кети Пери е позната по својот чуден, ДНК-различен стил. Од нејзините слатки сценски фустани до нејзините колорни експерименти со косата па се до необичните креации на црвените ќилими, Пери секогаш го форсирала невообичаениот изглед. Таа естетика се однесува и на приврзаниот живот, па не не чуди што и нејзиниот веренички прстен, кој неодамна го доби од Орландо Блум, е неконвенционален. Да, двојката се вери. Честитки!

И Пери и Блум го објавија истиот пост на Инстаграм (full bloom) поддржан со фотографија на која позираат заедно, додека вниманието е на вереничкиот прстен во форма на цвет. Во позадината пак, има куп црвени балони со форма на срца.

Инаку, пред Блум, Кети Пери беше во долга врска со Трави Меккој, потоа се омажи со Расел Бренд (2010), а од него се разведе две години подоцна. Следувала бурната врска со музичарот Џон Маер, со кого неколку пати се разделувале и повторно смирувале. Блум пак, беше во брак со моделот Миранда Кер со која има и син, Флин.

x

Check Also

Меган Маркл во „вау“ чизми од Викторија Бекам

На одбележувањето на денот на британските војниги кои загинале во Првата светска ...