Versace првпат со ревија во Њујорк

Версаче за првпат имаше ревија во Њујорк на која ја претстави пред-есенската колекција за 2019 година.

И по дваесет години од смртта на Џани Версаче, Донатела Версаче, која беше многу блиска со братот, продолжи да го чува неговиот стил и елементите кои тој ги употребуваше. Тоа се виде и во новата колекција презентирана во Њујорк.

-За првпат ја претставувам мојата колекција во Њујорк. Многу сум возбудена, сакав да создадам колекеција која ја соединува традицијата на изработката од Милано и енергијата на Њујорк, омаж на овој уникатен град“, коментираше дизајнерката Донатела Версаче. Не недостигаа боите комбинирани со есенските тонови, принтот Лав Версаче и кристалчињата како украси на моделите. Доминираа транспарентните материјали, свилата, шифонот и тексасот. Всушност, Донатела преку колекцијата даде еден поглед на минатото синергично вклопен во нејзиниот поглед кон иднината.

 

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...