Версаче „афтер парти“: Џенифер Лопез и Ирина Шаик „го украдоа“ вниманието

Џенифер Лопез и Ирина Шаик блескаа на забавата на Версаче на Миланската модна недела.

Џенифер Лопез одбра целосно зелен изглед – сако наместо фустан и високи чизми. И чизмите (украсени со Сваровски кристалчиња) и сакото се од колекцијата на Версаче за пролет 2020.

Ирина Шаик пак, блесна во екстра-мини, светкаво фустанче и сандали со потпис на Версаче.

Топ моделот Даутцен Крус беше облечена во секси комплет од колекцијата Resort 2020.

На забавата присуствувале и Каја Гербер, Иман Хаман и Амбер Валета сите дотерани во модни парчиња од Версаче.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...