„Версаче“ оди на продажба

Луксузната модна марка „Версаче“ оди на продажба, известуваат италијанските весници. 

Според италијанскиот дневен весник  „Кориере дека сера“, италијанската модна куќа основана од Џани Версаче ќе му биде продадена на Мајкл Корс кој е на листата на заинтересираните. 

Вредноста на компанијата се проценува на околу 2 милијарди долари. Семејството Версаче поседува 80% од компанијата, додека останатите 20% пред четири години беа продадени на американската групација „Блекстоун“.

Се очекува зделката со Мајкл Корс да биде потврдена на утрешниот состанок на бордот на компанијата, свикан од Донатела Версаче.

Нејзиниот брат Џани беше убиен во јули 1997 година во Мајами.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...