Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер се главни лица во празничната кампања на Версаче.
Кампањата насловена „Холидеј сага“ е во духот на телевизиските серии од 80-те години.
50 годишната Кристенсен изгледа неверојатно. Модните парчиња од празничната колекција на Версаче се исто така, во ретро стил.
Покрај фотосесијата, дополнително е снимено и видео.