Весел божиќен ролат

Развеселете ја божиќната трпеза со слатка божиќна салама.

Намирници – 1 марагрин, 200 грама чоколада за готвење, 100 грама шеќер, 2 јајца, 300 грама petit beure кекси, 300 грама желе бомбони, шака ораси, шака бадеми, 10-на суви смокви, кора од 1 портокал, шака суво грозје, 50 грама рум, 1 пакетче обланди.

Подготовка – Ситно исечкајте ги кората од портокал, смоквите, орасите, бадемите и кексите. Кеските не треба да бидат премногу измелени, туку во ситни мали делови. Обландите ставете ги помеѓу влажни кујнски крпи 20-на минути, зашто треба да омекнат за полесно да се виткаат. Чоколадата, маргаринот и шеќерот стопете ги и помешајте ги на тивок оган. Додадете ги јајцата, мешајќи. Потоа додадете ги сите останати исечкани состојки и румот. Дури кога се добро ќе се измеша, додадете ги желе бомбоните и гответе уште три-четири минути. Внимавајте бомбоните да не се растопат. Со готовата смеса веднаш премачкајте ги обландите. Завиткајте ја обландата во форма на салама, па ставете ја на ладно место. Штом се изладат исечете ги на тенки кругови.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...