Весела колекција на чанти од Liu Jo за пролет 2019

Модерна и весела, новата Liu Jo колекција на чанти оваа сезона пристигнува во неколку бои – од црвена, црна па се до светли нијанси за впечатливи модни комбинирања.

Може да се комбинираат за сите прилики зашто секој модел е направен на елегантен и женствен начин. За оние кои не ги преферираат класичните модели, тука се чантите – ранци со интересен принт или чантите кои се носат околу струкот.

Љубителките на деловниот изглед имаат можност да одберат од едноставните, безвремени модели во сива, црна или беж нијанса.

„Фрлете“ поглед на колекцијата во фотогалеријата.

x

Check Also

Пролет во живи нијанси со New Yorker

New Yorker ни носи нова пролетна колекција во која доминираат живите нијанси. ...