Веселото семејство на Долче и Габана ја претставија живописната есенска колекција

На Миланската Модна недела, Долче и Габана ја претставија колекцијата есен/зима 2017.

Сестрите Хали и Кло Бејли кои станаа познати на Јутјуб изведувајќи песни

Модната ревија беше во знакот на фолклорот и попот, креациите изобилуваат со принтови, бои и иронични модни додатоци, а веселото семејство на модната марка направи вистински интерактивен настан на бината.

Моделот Виторија Черети со мајкаси

Влијателните од социјаните мрежи се во фокусот, но не само тие – тука се познатите лица со нивните мајки и деца, но и некои клинети и миленици на оваа модна марка се качија на сцената. Всушност, на ревијата се појавија само неколку модели – Лаки Блу Смит со својата вереничка, Виторија Черети со нејзината мајка, Грета Варлезе и Бјанка Балти, додека сите останати учесници беа познати или помалку познати лица од секојдневието.

Трите сестри на моделот Лаки Блу Смит

Лаки Блу Смит со вереничката

Бразилскиот екс-модел Андреа Делал со нејзиното кученце

бразилската блогерка Хелена Бордон

Софија Ричи

Аманда и Џејсон Харви со своите две деца.

Соња Бен Амар, ќерката на полската актерка Беата Бен Амар

Лори Харви, ќерката на глумецот Стив Харви

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...