Ви здодеа кожното ремче? Пробајте со омилената марама

Малкумина можат да си дозволат да имаат цела колекција на часовници па постојано да ги менуваат според пригодата и расположението. Најчесто имаме еден до два, и некогаш ни станува здодевно и да погледнеме на него – на истиот часовник кој постојано го носиме.

remce 2

Дури и кога ќе го смениме ремчето не добиваме некој „нов“ часовник. Но, ако ја прифатиме играта наместо ремче да ја употребиме омилената марама (уште подобро ако е свилена), тогаш изгледа како и самиот часовник да го променил ликот.

remce4

remce3

Ако марамата е подолга, завиткајте ја од зглобот на раката па нагоре кон лактот, и со краевите врзете ја во мала или голема панделка.

Ќе добиете ефект на модерна нараквица и часовник, истовремено.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...