ВИДЕО: 100 години машка мода во 3 минути

Maшката мода има важен момент, од првата машка модна недела во Њујорк до лансирањето на CR Men’s Book. А како машката мода стигна доттука, погледнете во најновото видео „100 години машка мода“ кое ги покажува трендовите од 1915 година до денес.

moda

Во 1915 година многу модерни биле мажите со мустаќи и шапка, пеперутката вратоврска останува во тренд и десет години подоцна, 30-тите и 40-тите години во игра се елеците и џемперите, се разбира тука е шеширот, а во 50-те веќе се појавуваат маичките (со нив и мускулите), џинсот и патиките.

moda 2

70-те се во знакот на големите јаки, раскопчаните кошули и чудните фризури, 80-те во знакот на авијаторските јакни и очила за сонце, но и принтот, а тука се и фризурите со „опашки“, 90-те ги враќаат во мода фармерките и лежерниот стил. Џинсот останува супермодерен до денес, но моделите се различни.

Уживајте во триминутното видео.

x

Check Also

Кејт Мидлтон ги доби најлошите последици од Мегзит

Вилијам и Кејт Мидлтон секогаш јавно ја поддржуваа одлуката на Хари и ...