Видео водич за подготовка на 3 најпопуларни новогодишни коктели

Коктелите се најавуваат како водечки тренд во 2017 година, особено како избор за големите прослави, вклучувајќи ги и свадбите. Па, доколку сакате да бидете во чекор со трендот, испратете ја старата година и пречекајте ја новата 2017 со добар коктел.

k-1

Во симпатичното видео прецизно се објаснува како се прават трите најпопуларни коктели – Маргарита, Менхетен и Блади Мери според рецептот на коктел-мајсторот Чарлс Џоли, а воедно и се укажува на можните грешки при подготовката.

Низ видеото не водат неколку популарни личности, поранешниот модел Јасмин Ле Бон, нејзината ќерка Амбер, глумецот Фред Мекферсон, балерината Ерик Андервуд и кученцето со мексикански шешир.

Не ни останува ништо друго туку да ги послушаме!

x

Check Also

Топ 3 коктели кои ќе ви ја загреат новогодишната ноќ

Три популарни зимски коктели совршени за празничните денови и друштво. Jagertee Jagertee ...