Виенски концерт, прекрасен настан за елегантен почеток на новата година

Утринскиот Новогодишен концерт од Виенската филхармонија е навистина прекрасен настан за почеток на новата година, кој традиционално се одржува од 1939-та година и е нешто што ни го разубавува почетокот на новата година веќе долго време, барем откако се пренесува на телевизиите.

vienski 1

Концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на Маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.

viena 4

Виенскиот новогодишен концерт се одржува во големата сала на Виенскиот Мусикфераин (Виенското музичко здружение), која е дом на Виенската филхармонија.

Прекрасните балетски точки пак се изведуваат од Виенската државана опера и балет, а од 1980-та традиционално, цвеќињата за украсување на салата ги подарува градот Санремо од Италија.

vienski koncert 2

Интересот за овој настан е толку голем што билетите се добиваат по пат на извлекување. Пријавувањето за извлекувањето за следниот концерт (традиционално) ќе се одвива од 2-ри до 23 -ти јануари. Среќниците кои ќе бидат извлечени ќе треба да одвојат помеѓу 30 и 940 евра за еден билет за утринскиот новогодишен концерт.

Ако се одлучивте да го следите следниот концерт во Виена, тогаш аплицирајте за извлекувањето, а ние ви држиме палци да бидете извлечени.

Инаку, се одржуваат уште два вакви концерти, еден на 30-ти декември наутро, а вториот на 31-ви декември. Најскапите билети за нив чинат од 380 до 720 евра.

Ј.К

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...