Виетнам е прогласен за најпопуларна Азијска дестинација

Виетнам станува се популарна туристичка дестинација., а тоа го потврдува и наградата World Travel Awards. 

Виетнам ја доби оваа пррестижна награда како водечка Азијска дестинација. Предност над другите земји во Азија, меѓу другото, е што и преку Интернет за оваа земја може да добиете виза. Најголем дел од привлечноста на Виетнам се должи на природните убавини. Тука се наоѓа заливот Халонг каде може да се крстари околу островите, да се ужива на прекрасните плажи и да се откриваат бројни пештери.

Потоа, во Виетнам особено внимание привлекува делтата Меконг која почнува на тибетанските Хималаи. 4.000 километри долгата река губи дел од својата енергија додека стигне во Виетнам.

Доколку сакате да уживате во потивка, но подеднакво спектакуларна тура, може да го посетите Bai Tu Long Bay. Како и турата  Halong Bay тие се одвиваат надвор од градот Халонг, а единствената разлика е во насоката на патување кое нуди бројни атракции.

x

Check Also

Будва – лето кое трае

Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа ...