Викенд ручек: Превкусни тортиљи со мелено месо и зеленчук

Превкусен рецепт со кој ќе ја повикате пролетта.

За да ги подготвите тортиљите потребно ви е – 4 тортиљи, 400 грама мелено месо, зелена пиперка, пола главица зелка, главица кромид, чен лук, 150 мл кечап, сол, црн пипер, маслинов зејтин и мајонез по желба.

 Подготовка

На масло испржете го ситно исечканиот кромид, додадете го месото и динстајте со постојано мешање. Потоа, додадете го испасираниот лук, кечапот, солта и црниот пипер.

Зелената пиперка и зелката исечкајте ги. Тортиљите згреј те ги во рерна, наполнете ги со смесата од месо и исечканиот зеленчук. На крај додадете мајонез по желба.

x

Check Also

15 корисни совети за успешно и лесно готвење!

Што е тоа што секоја трпеза треба да го има? Сол и ...