Вики Среброва: Снаодлива сум во правење на модни комбинации!

„Не патам по марки, повеќе сакам да купам неколку парчиња гардероба кои се поевтини, отколку едно а скапо“.

вики 1

Во еден голем период од животот крзното ти беше страст. Што се случи сега со таа страст?
Крзното ми беше професија, не само страст. Имам крзнарска диплома, од Грција, таму го учев занаетот, мајстор сум за крзно и моден креатор. Од 1982 до 1994 година имав и бутик за крзно во гтц, но потоа одлучив да се посветам професионално на музиката. Знаете, бизнис и музика не одат заедно. Љубовта кон музиката беше најголема, отсекогаш сум била уметничка душа, од дете сум играорка и балерина. Едноствно, преовлада страста кон уметноста, па затоа го напуштив бизнисот со крзно.

вики 2

Годините си минуваат, но како да не минуваат и на твоето лице. Која е формулата?
Станува збор за ген, за природа. Посебни специјални креми за нега не употребувам, туку онаа која ми одговара, а за тоа се грижи ќерка ми. Бев избрана за модел кој ќе ги промовира апаратите за липосукција, само за подбрадок, но се направи мала грешка, односно интервенцијата не беше перфектно изведена. Затоа докторот ме повика кај него, во Хрватска, да направи корекција, и така се случи интервенцијата на лицето. Инаку, би рекла дека тоа што моето лице е вакво се должи на позитивната внатрешна енергија. Кога е човек задоволен, тоа задоволство му зрачи на лицато.

вики 3

Што им недостасува на младите атрактивни пејачки кои никнуваат на македонската сцена, но за жал, голем дел од нив и брзо исчезнуваат?
Мислам дека се е до финансиите, до спонзорите. За да се опстане на музичката сцена потребни се пари. Ако не сте во можност да платат, на пример, за една нова песна, нормално е да се повлечете. Значи, освен талент, глас и атрактивност, потребна е и снаодливост.

Вики, Бади и Ани - секогаш позитивни

Вики, Бади и Ани – секогаш позитивни

Во кого гледаш своја наследничка?
Во однос на гласот и стасот не гледам некоја моја наследничка. Единствено Ани Малинкова има голема позитивна енергија, слична на онаа која и јас ја имам, и’ зрачи од очите.

Вежбаш ли, или само посета на салони за убавина?
Често одам на масажа. Внимавам на исхраната, но не држам некоја строга диета, не ми се допаѓаат оние диети кои се по шема.

Според твоја проценка, со колку пари може една пејачка кај нас да се дотера за еден настап?
Јас сум била и манекенка, па оттука имам и искуство со гардеробата. Гардеробата која ја носам на себе знам да ја носам! Доста сум снаодлива во правење на модни комбинации, не фрлам пари за скапи парчиња облека, сакам да купам повеќе работи отколку само една, скапа. Потоа соодветно ги комбинирам. Не патам по марки.

Кои се 5-те нешта кои задолжително ги носиш во чантата?
Паричникот, несесерот со шминка, два пара очила од кои едните се за сонце, и два мобилни телефони.

x

Check Also

Агнеса Орданоска, вљубеник во модните трендови, еве што прави денес

Поранешната моделка која беше ангажирана во агенциите „Мак Моделс“ и „Моделс Ин“, ...