Викторија Бекам: Пош Спајс веќе не постои!

Дизајнерската сензација на поновото време, Викторија Бекам, за италијанското издание на списанието Венити Фер јасно се изјасни дека нема да има ништо од реобединувањето на поранешната група Спајс грлс.

posh 1

Модната креаторка Викротија Бекам денес на социјалните мрежи се пофали со насловната страница за италијанското издание на Венити Фер.

Во интервјуто кое ја следи фотосесијата на Пош, таа става крај на гласините за повторното обединување на групата Спајс Грлс, со зборовите „Пош Спајс веќе не постои!“

Фановите на поранешните „спајсици“ шпекулираа дека девојките повторно ќе настапат заедно по повод 20-от роденден на групата. Сепак, Пош им стави до знаење да не гаат никаква надеж.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...