Викторија Бекам виртуелно ја претстави новата колекција, гости на ревијата – само семејството

Меѓу дизајнерите кои виртуелно ги претставија своите колекции за време на модната недела во Лондон, е и Викторија Бекам, (46). Поранешната пејачка, која е позната по тоа што никогаш не се смее, во овој случај покажа одредена смисла за хумор.

Не можејќи да биде домаќинка на вистинска публика (во живо) на нејзината ревија за колекцијата пролет/лето 2021 година, дизајнерката избра да го сподели моментот со целото семејство.

Единствениот што недостасуваше на настанот беше нејзиниот најстар син Бруклин, кој остана во Њујорк со својата свршеница – Никол Пелц. Објавувајќи ја фотографијата на која Викторија е со нејзиниот сопруг Дејвид и децата Ромео, Круз и Харпер Севен, дизајнерката напиша „Моите омилени – и единствени – гости за оваа сезона. Ве сакам многу.“

Од самата фотографија се гледа колку атмосферата е домашна, децата се облечени во лежерен стил, а фудбалскиот ас носи папучи.

Во продолжение погледнете дел од ревијата. 

View this post on Instagram

LOOK 4 #VBSS21

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...