Викторија Сикрет ги затвора вратите, дали е ова крајот на една модна ера?

Продажбата опаднала драматично, па изгледа дека е донесена драстична одлука.

Victoria’s Secret е најпознатиот бренд за долна облека во светот, познат по своите неверојатни модни шоуа и модели со прекрасна убавина, но денес се чини дека е во криза.

До крајот на годината брендот ќе се збогува со дури 53 продажни места низ целиот свет, кои ќе ги затворат своите врати засекогаш. По околу 23 години, историската компанија за долна облека Викторија Сикрет ја откажува и големата модна ревија. Оваа есен нема да има повеќе „ангели“ на модната писта облечени во долна облека. Манекенката Шанина Шаик во интервјуто за „Дејли телеграф“ рече – „За жал, годинава нема да има модно шоу. Малку сум разочарана, затоа што не нешто што се навикнав. Обично во ова време правам подготовки како ангел“.

Драстичната одлука за затворање на продавниците била донесена од менаџментот кога заклучиле дека падот на продажбата е вртоглав уште во првото тримесечје од 2019 година, а особено кога се зборува за божиќниот шопинг.

 

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...