Викторија сикрет ќе продава реплики од Градникот на фантазиите за 250 долари

Викторија сикрет за првпат ќе продава реплики од скапоцениот Градник на фантазиите 2018, и моделите ќе чинат 250 долари.

Годинава честа да го носи Градникот на фантазиите на големата ревија на Викторија сикрет, ја доби Елза Хоск.

„Тоа беше сензација каква што никогаш претходно не сум почувствувала“, Хоск објасни кога првпат го проба овој градник. „Моето тело светеше во виолетова светлина, бев толку возбудена. Чувство какво никогаш не сум почувствувала. Секако, тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам“.

Годинава, градникот е инпириран од 90те години. За изработката биле потребни 930 часа, а самиот градник е создаден од 2.100 Сваровски дијамантчиња.

После ревијата, реплики на овој градник ќе бидат пуштени во масовна продажа, па за 250 долари многумина ќе можат да се чувствуваат барем слично онакако како што опиша Елса Хоск.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...